Овој пат со многу музика, ритам и искрен разговор.Наша гостинка е Мартина Баракоска, тапанарка и музичарка која во релативно брз период на кариерата изгради сериозно име на меѓународната сцена.
Моментално живее и работи во Берлин, Мартина активно настапува, снима и работи со бројни артисти и бендови, носејќи ја својата енергија и уникатен стил низ Европа, Велика Британија, САД и Балканот. Нејзиниот пристап кон музиката е комбинација од прецизност, индивидуалност и страст – нешто што јасно се чувствува во нејзината музика а и кај неа како девојка(преубава Девојка :))
Во оваа епизода разговараме за нејзиниот пат и љубовта кон музиката:
- Како дошла до идејата да свири тапани?
- Ако не беше музичар – со што би се занимавала?
- Со кои големи музички имиња има работено?
- И како изгледа животот на една музичарка на интернационалната сцена?
Искрен разговор за музиката, растот и изборите што го дефинираат патот.
Мартина Баракоска во РеТрн – уживајте во новата епизода.