Марта Кос: Следиме извештаи за употреба на прекумерна сила против демонстрантите во Србија и осудуваме насилства

Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, денеска објави дека ЕУ ги следи извештаите за прекумерна употреба на сила против демонстрантите во Србија.

Кос на X објави дека „правата на мирни демонстрации и слободата на собирање и изразување мора да се почитуваат“.

Во објавата таа додаде дека ЕУ остро го осудува секој чин на насилство и омраза, како и дека основните права и вредности мора да се почитуваат.

Однесувањето на полицијата кон граѓаните на улиците низ цела Србија денеска го осуди и Делегацијата на ЕУ во Србија.

„Полициските акции мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права. Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила“, објави делегацијата на IX.

Делегацијата на ЕУ додаде дека „секоја мерка на лишување од слобода или кривична санкција мора да се заснова на основано сомнение дека е сторено кривично дело и мора да биде оправдана и пропорционална“.Type / to choose

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни