Март ќе ја донесе пролетта порано: Температури над просекот и многу сонце!

Март оваа година ќе биде потопол од просекот со стабилно и суво време, многу сонце и температури кои ќе ја најават пролетта порано.

Најновите прогнози укажуваат дека пролетта оваа година ќе ја почувствуваме уште од март. Температурите ќе бидат за околу еден степен повисоки од 30-годишниот просек, што значи порано будење на природата, стабилно и суво време, и многу сонце.

Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат околу или малку под просекот, па март ќе биде малку постабилен и посув месец, но сепак можни се повремени врнежливи периоди и нестабилно време.

Деновиве, особено во Повардарието и југoисточните предели, температурите ќе се искачат и до 20 степени Целзиусови.

Метеоролозите потсетуваат дека ова е месечна прогноза, па промени се секогаш можни. За поголема точност, граѓаните се советуваат да ја следат краткорочната метео анализа, која има веројатност за остварување поголема од 90%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни