„Марш за ангелите“ во Кочани: Семејствата не се откажуваат од борбата за правда

Семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кочани најавуваат мирен протестен марш под наслов „Марш за ангелите“, што ќе се одржи утре низ улиците на градот.

Нивната порака е јасна — нема да престанат да бараат правда додека не се открие целосната вистина за настанот што ги одзеде животите на нивните најблиски.

Според најавите, маршот ќе започне од Градскиот парк, а потоа ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полициската станица на МВР и Основниот суд во градот.

„Семејствата ќе ја бараат правдата за нивните покојни деца се до последен здив и бараат брза и непристрасна истрага и судска постапка“ велат семејствата.

Тие бараат итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и судска разрешница што ќе донесе одговорност за трагедијата. Истовремено нагласуваат дека маршот не е насочен кон поддршка на обезбедувањето, туку единствено е чин на почит кон починатите и глас за правда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни