Научниците анализирале примероци од карпи од кратерот Gale на Марс, собрани од rover-от Curiosity, и откриле високи концентрации на сложени органски молекули, многу над она што би можело да се создаде преку геолошки процеси. Ова ги отвора прашањата за потенцијален древен живот на Марс.
Уште во март 2025, Curiosity откри заситени алкани, најголемите органски соединенија пронајдени на Марс до тогаш, кои можеби се делови од масни киселини зачувани во древен муљ. На Земјата, масните киселини главно се продукт на живи организми, иако може да се формираат и абиотски.
Новото истражување, објавено во Astrobiology, комбинира лабораториски експерименти, математичко моделирање и теренски податоци, за да се процени колку органски материјал би бил присутен пред 80 милиони години, пред влијанието на космичкото зрачење. Резултатите покажуваат концентрации од 120 до 7.700 ppm на долголанчани алкани и/или масни киселини, што ја надминува продукцијата од типични абиотски процеси.
Истражувачите нагласуваат дека, иако резултатите укажуваат на можен биолошки извор, сè уште нема конечни докази за живот на Марс. Идните студии ќе се фокусираат на разјаснување на интеракциите на органските молекули со екстремните услови на Црвената планета, пред да се донесат дефинитивни заклучоци.