Марко, Стефан, Павел, Неда, Анастасија, Јаков и Андреј – млади роботичари кои ќе не претставуваат на олимпијадата во Грција

Тие на синоќешната донаторска вечер ги претставија роботските креации со кои ќе учествуваат на Глобалната светска роботска олимпијада MRC Global Olympiad којашто од 11-14 април ќе се одржи на Крит, Грција.

Водени од страста за роботиката и програмирањето, како и од желбата за што подобро претставување на нашата држава, тие сакаат да го повторат големиот успех од минатата година кога во конкуренција од 1450 тимови во 19 категории, освоија прво и второ место и награда за најдобра презентација.

И на овогодинешниот натпревар, конкуренцијата исто така ќе биде сериозна. Нашите претставници настапуваат во три тима, сите во знакот на Space Walkers. Децата изминатиот период напорно работеа и ги подготвија роботските креации со кои ќе треба да реализираат повеќе мисии на натпреварот. Предизвиците коишто се поставуваат се кратки, но повеќе димензионални, дизајнирани да им дадат можност на учесниците да креираат сопствено решение за дадената задача. Во моментов роботите и додатоците се готови, а се работи на кодирање.

Учеството на Олимпијадата како и искуството во СТЕМ, кај децата ја развива генијалноста, стратешкото планирање и тимската работа. Исто така ги учи децата како да се справуваат со предизвиците и ги мотивира да се ориентираат кон барање решенија и да не се откажуваат.

Инаку, локалот „Beer Garden” хонорарот, односно дел од прометот, го донираше за покривање на трошоците за учество на олимпијадата.   

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни