Доколку не би бил водител сигурно би бил спортист,барем така вели за себе. Марко Новески е еден од најпознатите и најомилени ТВ водители во Македонија. Неговиот оптимизам харизма и постојана насмевка веќе години наназад ги освојува сите. Во моментов, тој е домаќин на популарното квиз-шоу Листа за 300, каде учесниците одговараат на прашања од најразлични теми.
Во новата епизода на РеТрн тој е наш гостин ии договара на прашањата на Дениз. Кој е неговиот омилен професор? Кое е неговото најдраго место во Скопје?И конечно, кој е најчестиот збор што им го кажува на своите близначиња, сопругата и нивното куче?
Во разговор исполнет со смеа и искрени одговори, Марко ни открива дел од неговиот свет – она што го инспирира и прави да биде токму она што е: симбол на радост и ведрина.