Марко Настиќ – Скопје е мојата зона

Во Скопје доаѓам долго време и можеби едни од првите букинзи надвор од Србија ми беа во Скопје. Знаете како, Скопје има многу ведра и позитивна сцена и јас тоа така го доживувам. Не е само Скопје туку и во цела Македонија сакаат да се забавуваат, што мене особено ми одговара и секогаш се враќам дома насмеан затоа што ми е забавно. Долги години бев пријател со Мирко Попов. Мислам дека прв Мирко ме донесе во Скопје, и да… тие почетоци беа убави…

Кога техно бранот навлезе во Србија во раните 90-ти, Марко со нетрпение ја прифати сцената која растеше. Со силна љубов кон музиката, креативниот пат на Марко го доведе до истражување на различни жанрови и стилови. Мајсторски ја разви својата музичка палета од длабочините на техно и tribal техно до беспрекорна фузија на house, minimal, tech house и breakbeat, покажувајќи ја својата бескрајна музичка разновидност. Во кариера која трае повеќе од 25 години, Марко има изведено повеќе од 200 изданија, вклучувајќи ремикси и ко-продукци.

Со Марко разговаравме во Белград, неколку дена пред крајот на 2024 година.

-Мојата теорија за диџејството започна од љубовта. Не бев диџеј, но бев конзумент на музика и целиот тој процес за мене беше купување на музика. Слушам разни албуми, панк, рок, хеви метал албуми кои ги купував од второ одделение. Во еден момент почнав да се појавувам како диџеј и тоа почна да ме привлекува. Така и се роди таа љубов. Мислам дека таа рамнотежа се поремети во последите пар години. Се зезаме често овде со една изрека – „Дали сте слушнале за новото светско чудо кое се случи? Се роди диџеј. Излезе од стомакот на мајка му и веќе е диџеј“. На денешната младина им се допаѓа таа фигура на диџеј и стануваат диџеи преку ноќ, што мислам дека е доста зезнато. Мислам дека се треба да тргне од музика и од љубовта кон музиката- вели Марко за Трн.

Марко Настиќ соработувал со многу креативци. Во 2021 година, тој компонирал музика за изложбата на Миахел Милуновиќ, а претходно и за изложбата на Јелена Јелача. Музиката од изложбата на Јелача “Through JJ Eyes” дури пронајде свој дом на Easy Tiger издавачката платформа на Марко. Тој ја компонирал музиката за театарската претстава “Shopping & Fucking” на Ива Милошевиќ, која имаше премиера во 2002 година во Југословенскиот драмски театар.

Најновото уметничко дело на Марко е соработка со Берлинскиот балетски театар. Тој компонирал оригинална музика за нивниот иновативен балетски настап “A Techno Ballet Odyssey”. Претпремиерата, која вклучуваше живо изведување од Марко, се одржа во белградскиот Dorćol Platz на 10-ти и 11-ти мај 2024 година. Светската премиера, одржана во иконскиот Kraftwerk во Берлин, се распродаде за четири последователни настапи од 5-ти до 8-ми декември 2024 година.

Во 2024 година, Марко започна нов проект со српската пејачка Ана Ќурчин, создавајќи дуо “Amnasti”. Нивниот дебитански сингл “It Took Me So Long” е дел од албумот со исто име, кој беше објавен на 26 април 2024 година.

-Имав два поголеми проекти годинава. Првиот е албумот со Ана Ќурчин кој го работев под името „Амнести“ и тој излезе во мај. Плочите се во продажба, а вториот проект е музика за балетска претства кој се изведе во мај во Србија. Тоа е балетска група од Германија, од Берлин и сега имавме светска премиера во Берлин. Имавме 4 претстави на кои имаше по 1500 присутни . Имавме и претпемиера и  претставите ги видоа околу 7.500 луѓе во неколку дена. Концептот беше луд. Во 5 дена имав 8 настапи. Имав 5 лајв настапи и плус 3 диџеј сета што е прилично комплицирано и долго трае, особено затоа што сум навикнат да пуштам музика петок, сабота и недела и сега 7 дена бев во акција само за една работа и мора да признаам дека се исцприв целосно. Како да сум бил на некој фестивал- вели Марко

Oper air фестивали или помали диџеј сетови?

Тој беше резидент на EXIT Festival повеќе од 20 години, а го организираше и големиот настан “Retrospektakl” во 2018 година. Имал и настапи на светски познати фестивали како: Tomorrowland (Белгија), Sonar Festival (Шпанија), EXIT Festival (Србија), Sonus Festival (Хрватска), BPM Festival (Мексико), Казантип (Украина), ADE (Низоземска), Awakenings (Холандија), Freedom Festival (Колумбија), Boiler Room (сет во Белград)… и клубови како: The Egg (Лондон), Tresor (Берлин), CDV (Берлин), Golden Gate (Берлин), Sysiphos (Берлин), R33 (Барселона), Fabrik Madrid (Шпанија), D-EDGE (Бразил), Surreal (Бразил), Amnesia (Ибица)…

-Јас потекнувам од клубската сцена така да дефинитивно ги бирам клубовите, но ги сакам и фестивалите. Тие навистина можат да бидат „tricky“, зависи со кој свираш и каде свираш затоа што се помешани сетови и стилови и нема некој јасен правец. Дефинитивно ги сакам летните Open Air фестивали, но во клубовите некако можеш д се опуштиш и да ја раскажеш својата приказна затоа што на фестивалите свириш 3, 4 па  и 5 саати, а во клубовите тоа можеш да го изведеш и тоа има некоја своја магија..

Мирко Попов и љубовта кон Скопје

Заедно со Дејан Милиќевиќ, во 1996 година Марко го основа DJ дуетот Teenage Techno Punks (TTP), и во деведесеттите станаа симбол на подземната српска сцена, ги посетуваа клубовите ширум светот до 2002 година. Во 2018 година, тие го оживеаја проектот со нова хибридна форма наречена TTP 2.0. Во 2011 година, Марко Настиќ, под својот алијас Fatboy Jr., го издаде успешниот албум “Music for the People” на издавачкиот бренд на EXIT Festival. Албумот доби EXIT Festival Golden Circulation Award, награда која се доделува за преминување на 25.000 симнувања.

Една од омилените дестинации му е и Скопје, каде за прв пат го довел Мирко Попов.

-Во Скопје доаѓам долго време и можеби едни од првите букинзи надвор од Србија ми беа во Скопје. Знаете како, Скопје има многу ведра и позитивна сцена и јас тоа така го доживувам. Не е само Скопје туку и во цела Македонија сакаат да се забавуваат, што мене особено ми одговара и секогаш се враќам дома насмеан затоа што ми е забавно. Долги години бев пријател со Мирко Попов. Мислам дека прв Мирко ме донесе во Скопје,  и да… тие почетоци беа убави. Како деца бевме wow… Има доста добри артисти во Скопје со кои се дружам. Го сакам генерално Скопје и тоа е мојата зона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни