Марк Карни – човекот кој го наследи Џастин Трудо

Новиот канадски премиер, Марк Карни, по полагањето заклетва изјави дека „Канада никогаш нема да биде 51. американска држава“ и дека таквите шпекулации се „чиста лудост“.

Карни истакна дека е подготвен да се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, но само доколку тој покаже „почит кон суверенитетот на Канада“ и биде подготвен за „поширок и посеопфатен пристап кон трговијата“.

Тој најави дека ќе ги задржи возвратните царини на американската стока сè додека САД не покажат соодветен однос кон Канада.


Марк Карни официјално ја презеде функцијата од досегашниот премиер Џастин Трудо, кој девет години беше на власт. Карни, кој претходно ги водеше Банката на Канада и Банката на Англија, неодамна беше избран за лидер на Либералната партија, со што автоматски ја презеде и премиерската позиција.

Очекувањата се дека неговиот кабинет ќе има помеѓу 15 и 20 министри, што е значително помалку од 37-те во владата на Трудо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни