Марк Цукерберг (адвокат од Индијана) го тужи Фејсбук за блокирање на профилот

Профилот на адвокатот бил суспендиран пет пати, а тој тврди дека изгубил илјадници долари и платени реклами

Американскиот адвокат Марк Стивен Цукерберг од Индијана поднесе тужба против компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, поради повеќекратни блокади на неговиот профил.

Според тужбата, профилот на адвокатот бил суспендиран пет пати во последните осум години под образложение дека „лажно се претставува како позната личност“. Тој тврди дека изгубил илјадници долари, вклучувајќи 11.000 долари потрошени за реклами кои биле неправилно отстранети.

Адвокатот ја спореди ситуацијата со „плаќање за билборд што подоцна е покриен со церада“.

Од Фејсбук признале дека направиле грешка и го вратиле неговиот профил, со најави дека ќе преземат мерки за спречување на слични случаи. Сепак, Цукерберг не е задоволен и покренал веб-страница за документирање на сите забуни поврзани со неговото име.

„Јас сум Марк Стивен, тој е Марк Елиот“, нагласува адвокатот, правејќи разлика меѓу себе и основачот на Фејсбук.

Извор: Рацин.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни