Марина Абрамовиќ: Српските студенти се херои на денешницата

Марина Абрамовиќ е славна светска уметница со српско потекло

Српските студенти се херои на денешницата, порача уметницата Марина Абрамовиќ на денот кога во Нови Сад беа организирани блокади на три моста по повод три месеци од падот на надстрешницата на Железничката станица во овој град, кога загинаа 15 лица.

„The students of Serbia are the heroes of today (Српските студенти се херои на денешницата, прим. N1) – Марина Абрамовиќ“, објавено е на официјалниот Инстаграм профил на Институтот на Марина Абрамовиќ.

Марина Абрамовиќ е славна светска уметница со српско потекло.

Од септември 2019. до јануари 2020. година, во Музејот на современа уметност во Белград се одржа ретроспективна изложба на Марина Абрамовиќ „Чистач“, што беше нејзина прва изложба во Србија по 43 години. Јавно предавање одржала на 28. септември во паркот пред МСУ, каде се собрале повеќе од 5.000 луѓе со кои ги споделила деталите од својот живот, креативност и уметност на перформанс.

МСУ тогаш забележал рекордна посетеност, а изложбата ја виделе повеќе од 70.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни