Марин ле Пен прогласена виновна за проневера

Меѓутоа, обвинителите побарале условна казна затвор од пет години, парична казна од 300.000 евра (324.000 долари) и петгодишна забрана за вршење јавни функции.

Француски суд ја прогласи Марин ле Пен виновна утово во случајот за проневера, но не соопшти каква би можела да биде нејзината казна, ниту како тоа би можело тоа да влијае на политичката иднина на лидерката на крајната десница.

Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија Национално собириство се обвинети дека користеле пари наменети за парламентарни асистенти на Европската унија за плаќање на персонал кој работел за партијата помеѓу 2004 и 2016 година, што е спротивно на правилата на овој 27-член блок, пишува France24.


Ле Пен и нејзините сооптужени ги негираат сите обвиненија.

Меѓутоа, обвинителите побарале условна казна затвор од пет години, парична казна од 300.000 евра (324.000 долари) и петгодишна забрана за вршење јавни функции.

Најголема загриженост за Ле Пен е можноста судот да ја прогласи неподобна за кандидатура “со моментален ефект” — дури и ако поднесе жалба. Тоа би ја спречило да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Таа овој сценарио го опиша како “политичка смрт”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни