Марија Корина Мачадо: Време е за ослободување на политичките затвореници во Венецуела

Лидерката на опозицијата повика на правда, крај на прогоните и враќање на суверенитетот на граѓаните

Лидерката на венецуелската опозиција и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, изјави дека е дојдено време за ослободување на сите политички затвореници во Венецуела, за обновување на вистината и воспоставување правда наместо неказнивост.

Во својата порака, Мачадо истакна дека мора да престане практиката на повторни апсења, прогон и заплашување на политичките неистомисленици, нагласувајќи дека демократската транзиција е неопходна за стабилноста и иднината на земјата.

Политичкото движење Vente Venezuela соопшти дека процесот на транзиција кон демократија не е само израз на народната волја, туку и „непоколеблив и неповратен процес“. Според соопштението, оние што сè уште нелегитимно ги контролираат државните институции се принудени да признаат дека суверенитетот ѝ припаѓа на јавноста.

„Целта на актуелниот политички процес е враќање на суверенитетот кај граѓаните и обновување на институционалниот поредок во согласност со уставот и меѓународните обврски на Венецуела“, се наведува во соопштението на движењето, кое Мачадо го сподели на социјалната мрежа Икс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни