Марија Дуда за сите како „Силјан“

Како симбол на оваа иницијатива, на настанот присуствува и Јорго штркот, кого посетителите можат лично да го запознаат

Активистката Мариа Дуда, непосредно пред македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, денес, 3 јануари, организира настан под наслов „Базарче дружба“, посветен на сите штркови како Силјан.

Настанот се одржува во просторот Books & Dogs (3 Бисери), во периодот од 12:30 до 17:00 часот.

Во рамки на базарчето, посетителите имаат можност да изберат и испечатат дизајни со мотиви од Силјан штркотна дуксови, маички, капи и разгледници, со автограм од Тамара Котевска и Жан Дакар. Средствата собрани од продажбата и донациите се наменети за изградба на првиот рехабилитациски центар за штркови.

Како симбол на оваа иницијатива, на настанот присуствува и Јорго штркот, кого посетителите можат лично да го запознаат. Секој што ќе купи или донира ќе биде впишан со свое име на еден од ѕидовите на новиот центар, како траен знак на поддршка.

Настанот е замислен како отворена, пријателска средба која ја продолжува приказната за Силјан, од филмско платно во реална поддршка за заштита на штрковите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни