Еurope House и меѓународните претставници во земјава избират Европска жена на годината. Седум амбасадори и претставници на меѓународните институции во земјава ќе номинираат по една силна жена жена која ги крши бариерите и создава подобра иднина.
Бјорн Габриел, Шеф на претставништвото на European Investment Bank и Europe House Kriva Palanka ја презентираа втората номинација за наградата Европска жена на годината за 2024 година а тоа е Мариа Дуда Дибиаџо.
Марија е претприемничка од Ранковце која ја започнала својата кариера во областа на спортот и физичкото воспитување. Од локален бренд за спортска облека, се проширува низ Европа применувајќи ги принципите на кружна економија. Фокусот на вработување жени со помалку можности е она што ја издвојува од останатите. Марија е пионер на хипотерапијата и терапија со коњи кај лицата со попреченост. Има добиено неколку награди за својата хуманост и филантропија и е номинирана за своето претприемништво во Западниот Балкан активно промовирајќи ги човековите права, одржливоста и здравјето преку работилници.
Гласањето за жена на годината ќе биде од 5 до 7 март 2024.