Марија Жоао – 40 години музичка слобода и нови хоризонти

-Џезот е музика на слободата и авантурата. Се прилагодува на времето и новите тенденции како сунѓер. Тоа е стил кој инспирира и отвора можности за експериментирање – објаснува Марија.
Марија Жоао

Легендарната португалска пејачка Марија Жоао со новиот албум Abundância (2025) ја одбележува 40-годишната кариера, враќајќи се кон своите корени. Снимен во Лисабон и Мозамбик, овој проект претставува интимно патување низ нејзиното музичко наследство, каде локални музичари и раскошен хор додаваат неповторлив звук, а продукцијата на Луиш Фернандеш внесува модерни електронски елементи.

-Овој проект е навистина посебен за мене… сите проекти се посебни, тие се како деца. Но, овој носи многу од моите корени, oд Африка, Мозамбик… Мајка ми е родена таму, имам тетки и братучеди… и сакав да покажам колку ова наследство е важно за мене. Ова сум јас – вели Жоао за новиот албум.

Џезот како простор за експерименти и слобода

Позната по својот неконвенционален пристап, Жоао со децении ги предизвикува жанровските граници. Уште од настапот во Orfeu во 1983 година, таа го спојува џезот со електроника, импровизација, ритми и мелодии од различни култури.

-Џезот е музика на слободата и авантурата. Се прилагодува на времето и новите тенденции како сунѓер. Тоа е стил кој инспирира и отвора можности за експериментирање – објаснува Марија.

Преку кариерата, Жоао соработувала со Марио Лагиња, Карлос Бика, Аки Такасе, Андре Мехмари, Егберто Гисмонти, Џо Завинул, Трилок Гурту и многу други. Со Abundância, таа повторно ги преминува границите меѓу минатото и сегашноста, џезот и „музиката на светот“, создавајќи звук кој не може да се дефинира, туку само да се почувствува.

OFF Fest – ексклузивна европска премиера

После промоцијата во Лисабон, OFF Fest ќе биде првата европска концертна премиера на Abundância. Публиката ќе има можност да го почувствува богатството на новиот звук, каде гласот на Марија Жоао станува инструмент што ги преминува стилските и културните граници.

-40 години е многу, нели? За еден пејач е посебно тешко, бидејќи нашиот инструмент е тука, не можеме да купиме нов. Треба дисциплина, во спротивно – исчезнува. Сакам да ја прославам оваа издржливост. Браво, пејачу, ти го направи добро – со насмевка истакнува Жоао.

Со новото издание, Марија Жоао уште еднаш докажува дека музиката нема граници, само нови хоризонти што чекаат да бидат истражени

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни