И додека над 11.000 учесници од 53 земји имаа една цел, да го истрчаат 19-от Скопски маратон некој имаше и нешто друго на ум. Еден од учесниците, додека толпата трчаше кон целта застана и клекна пред саканата со прстен. Со емоции кои не може да се сокријат таа го кажа судбоносното „ДА“.
Фотографот на Трн ви доловува дел од тој момент.
Инаку на 19-от Скопски маратон денеска победи Виктор Киплагат од Кенија кој ја истрча киплагат патеката долга 42 километри за време од 2:15:09 часа, а веднаш зад него беа неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08.