Ако сакате да ги проширите вашите книжевни хоризонти погледнете ја мапата која се базира на податоци доставени од корисниците на Goodrids и опфаќа над 130 земји.
Читањето е една од наједноставните активности преку кои можете да ги истражувате најразновидните светови. Без разлика дали станува збор за истражување на Нарнија или Мордор, книгите се портал кој ќе ве пренесе до која било култура што ја посакувате или можете да ја замислите. Ако не сте сигурни каде да го започнете вашето патување, консултирајте се со оваа мапа на која се прикажани најдобро оценетите книги на Гудридс во над 130 земји низ светот.
За да ја прикаже колоритната понуда на светската литература, порталот WordFinderX ги издвои најдобро оценетите книжевни дела на локални автори врз основа на оценките на Гуриди, кои ги оценија најмалку 500 корисници.
Од македонската литература најдобро котираат: „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски и „Вештица“ од Венко Андоновски.
Во Србија пак, „Беснило“ на Пекиќ доби оценка од 4.57, роман кој ја отсликува апокалиптичната визија на светот.
Додека во Соединетите Американски Држави е најдобро оценета книгата „Зборови на зрачењето“ од Брендон Сандерсон со просечна оценка од 4,76, во Европа високо оценети се следните наслови: „Слепило“ од Хозе Сарамаго како претставник. од Португалија (4, 62), „Победници“ на Фредрик Бакман како претставник на Шведска (4,51), „Последните сведоци“ на Светлана Александровна Алексиевич како претставничка на Белорусија (4,51). Најдобро оценети дела од малку поегзотични региони се: „Враќање дома“ на Џа Јаси како претставник на Гана (4,47), „Илјада прекрасни сонца“ на Калед Хосеини како претставник на Авганистан (4,42), „Разговор во катедралата “ од Марио Варгас Љоса како претставник Перу (4,35) и „Пачинко“ Мин Џин Ли како претставник на Јужна Кореја (4,32).
Дури и ако веќе сте планирале каде да одите на одмор, дополнителна инспирација можете да најдете во овие романи од сите меридијани кои беа највисоко оценети од читателите на Goodreads!