Големата порота во Њујорк го потврди федералното обвинение по четири точки против Луиџи Манџионе, осомничен за убиството на Брајан Томпсон, директор на компанијата за здравствено осигурување UnitedHealthcare. Оваа постапка го приближува поблиску до смртна казна, јави денеска „Еј-Би-Си њуз“.
Манџионе, меѓу другото, е обвинет за незаконско ракување оружје, скришни следење и убиство со употреба на огнено оружје. Пем Бонди, министерка за правда и главна обвинителка, претходно изјави дека ќе бара изрекување смртна казна за осомничениот, а во согласност со политиката на претседателот Доналд Трамп „да се направи Америка побезбедна“.
Смртната казна во државата Њујорк де факто е суспендирана со одлука на апелациски суд од 2004 година. Сепак, ако одредени злосторства извршени на територијата на државата потпаѓаат под федерална надлежност, се предвидува можноста за смртна казна.
Убиството се случи рано наутро на 6 декември 2024 година во центарот на Менхетен. Според полицијата, нападот се случил во близина на хотелот New York Hilton Midtown, каде што напаѓачот пукал во Томпсон, наводно намерно.