Манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“ во организација на Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ – Скопје, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, оваа година, по 28. пат, организира Меѓународен научен собир на тема:„Македонскиот јазик во светлината на семантичките проучувања“. Научниот собир ќе се одржи на 30 и 31 мај 2024 г. во Делчево во хотелот „Либеро“. На Собирот ќе настапат педесетина универзитетски професори и научници од земјата и од странство.

Поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик и проф. д-р Катица Топлиска-Евроска, претседателка на Организацискиот одбор.

Манифестацијата е поддржана од Општина Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни