Малта официјално ќе ја признае Палестина

„Не можеме да ги затвораме очите пред човечката трагедија која секој ден станува сè полоша“, рече Абела, говорејќи за војната во Газ

Малта следниот месец официјално ќе ја признае Палестина, со што ќе заврши четири и пол децениска национална дебата по ова прашање, изјави премиерот Роберт Абела.

„Не можеме да ги затвораме очите пред човечката трагедија која секој ден станува сè полоша“, рече Абела, говорејќи за војната во Газа, каде што се убиени речиси 54.000 Палестинци, пренесува „Malta Today“.

Абела го сподели своето искуство од неодамнешната посета на бегалските кампови во Јордан, каде што се сретнал со палестински деца кои биле донесени на Малта на лекување.

Тој прецизираше дека признанието на Палестина ќе се случи официјално кон крајот на јуни, нагласувајќи дека тоа е морална одговорност на државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни