Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15:20 часот лишиле од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани фотографии со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, случајот бил пријавен од засегнатото лице, по што биле преземени соодветни мерки и активности за негово расчистување. Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава, во согласност со законските прописи.
Од МВР не соопштуваат дополнителни детали, имајќи ја предвид чувствителноста на случајот и возраста на инволвираните лица.
