„Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат“: Студентска изложба на ФЛУ Скопје во Сули ан

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја најавува студентската изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат”, која свечено ќе биде отворена на 22 декември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте” во Сули ан.

Изложбата, која континуирано се реализира уште од 1990-те години, претставува значаен и долгогодишен проект на Факултетот за ликовни уметности, посветен на истражување на односот помеѓу форматот и идејата, дисциплината и слободата на уметничкиот израз. Таа се одвива во автентичниот амбиент на Сули ан, споменик на културата и простор во кој минатото и современоста се среќаваат и надополнуваат.

На изложбата се претставени дела од студенти од сите четири години на Катедрата по графика и трансмедиумски практики, како и од студенти од вториот циклус на студии на истата катедра на Факултетот за ликовни уметности. Преку класични и експериментални графички техники, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различните уметнички пристапи, лични поетики и креативни истражувања на младите автори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни