Пред повеќе од две децении, Ричард Сандрак беше познат како „Малиот Херкулес“ – дете со тело на бодибилдер и сила што ги изненади лекарите и јавноста. Уште на осум години креваше тежини неколку пати поголеми од својата тежина и секојдневно правеше стотици склекови и чучнувања.
Но зад оваа приказна стоела тешка реалност. Неговото детство било обележано со строг режим и злоупотреба од страна на таткото, кој го туркал до крајни граници. Пресвртниот момент се случил кога Ричард како тинејџер повикал полиција по напад врз неговата мајка, по што таткото бил осуден и отстранет од нивниот живот.
По тоа, Сандрак постепено се повлекол од јавноста и се обидел да изгради нормален живот. Работел различни работи, но се соочил и со проблеми, вклучувајќи зависност од алкохол. Во 2023 година донел одлука да престане со пиење и да почне одново.
Денес, на 32 години, живее мирно во Лос Анџелес, со партнерката и блискиот круг луѓе. Иако веќе не изгледа како некогашниот „најсилен дечко на светот“, вели дека конечно е задоволен од себе и од животот што го живее.