Андријана е студентка од Кичево. Има 21 година и живее во Скопје. Како и секој друг млад човек и таа посакува убави моменти во животот исполнет со голем број насмевки.
„Убави моменти во секој дел од животот им посакувам на сите, а за себе си посакувам што поголем број патувања, затоа што тие ме прават среќна и исполнета. Се смеам на мали нешта, малку ми треба за голема насмевка“- изјави студентката Андријана за рубриката „Насмевни се“.