Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово заразени по патувања во Африка

Двајца македонски државјани се хоспитализирани со маларија по враќање од Занзибар и Сиера Леоне. Навремената дијагноза ги спасила од потешки компликации.

Двајца македонски државјани биле дијагностицирани со маларија откако се вратија од егзотични дестинации во Африка. Пациентите, на возраст меѓу 40 и 60 години, потекнуваат од Скопје и Куманово и престојувале во Занзибар и Сиера Леоне.

Министерството за здравство информира дека двата пациенти биле навремено хоспитализирани и лекувани во болнички услови, а нивната моментална општа здравствена состојба е добра. Благодарение на брзата дијагноза, биле избегнати потешки компликации и дополнителни ризици по здравјето на пациентите.

Здравствените власти повторуваат важноста од претпазливост при патувања во региони каде маларијата е присутна, како и од рано препознавање на симптомите за да се спречат сериозни последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни