Макрон ќе се бори Емили да остане во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Variety зборуваше за популарната серија на Нетфликс „Емили во Париз“, чија четврта сезона неодамна беше прикажана. Серијата ќе продолжи да се снима, а фановите со нетрпение ја очекуваат петтата сезона.

Имено, сопругата на Макрон, Брижит, накратко се појави во четвртата сезона од популарната серија.

„Бев многу горд на мојата сопруга, а таа исто така беше многу среќна што го направи тоа. Тоа се само неколку минути, но мислам дека уживаше. Мислам дека е добро за имиџот на Франција. Емили во Париз е супер позитивна атракција за земјата“, рече Макрон.

Тој ја коментираше и последната епизода од серијата, во која главната актерка Емили се сели во Рим поради работа и љубов. Го прашале како ќе ја врати во главниот град на Франција.

“Ќе се бориме напорно за тоа. И ќе бараме од нив да останат во Париз. Емили во Париз нема смисла ако е во Рим”, се пошегува Макрон.

За потсетување, првиот дел од четвртата сезона на Емили во Париз пристигна на Нетфликс на 15 август оваа година, а вториот беше објавен на 12 септември. Оваа популарна серија го следи животот на Американката Емили Купер (Лили Колинс), која се сели во Париз поради работа, каде што животот целосно ѝ се менува. Во последната, четврта сезона, се појавија некои ликови кои го сменија текот на приказната и ја разбрануваа врската помеѓу Емили и Габриел (Лукас Браво).

Првата дама на Франција Брижит Макрон се појави во вториот дел од четвртата сезона. Уште пред новите епизоди, екипата од сетот објави фотографија на која Брижит позира со главната ѕвезда на серијата.

Откриено е дека Брижит носела сопствена облека во серијата и не ѝ биле дадени посебни упатства за нејзината улога. Креаторот на серијата Дарен Стар изјави за Elle дека Брижит е позната по својот фантастичен моден стил и дека е голем талент. Идејата да се појави во серијата е на маса од 2022 година.

„Идејата ни дојде кога Дарен Стар и јас ја запознавме во Елисејската палата во декември 2022 година. Таа е огромен обожавател на серијата и со ентузијазам го прифати нејзиното спомнување во првата сезона. Снимањето сцени со неа во четвртата сезона беше исто така чест и вистинско задоволство“, изјави Лили Колинс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни