Францускиот претседател Емануел Макрон ќе патува во петок во Швајцарија за да присуствува на комеморацијата на жртвите од пожарот во Кран-Монтана, каде загинаа 40 лица, а 119 беа повредени, изјави денес портпаролката на владата, Мод Брежон.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека девет француски државјани загинале, а 23 биле повредени во пожарот во барот „Констелацион“ во швајцарското ски-место Кран-Монтана за време на новогодишната ноќ.
Сите жртви од катастрофата се идентификувани, соопшти претходно швајцарската полиција.
Швајцарија прогласи петок, 9 јануари, за национален ден на жалост. Комеморацијата е планирана да се одржи во Кран-Монтана, пренесоа француските медиуми.
