Макрон: „Украина е подготвена за крај на војната“

Во објава на социјалната мрежа X, Макрон истакна дека завршувањето на војната во Украина е цел која ја споделува и со американскиот претседател Доналд Трамп, и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за постигнување примирје.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим.

Во објава на социјалната мрежа X, Макрон истакна дека завршувањето на војната во Украина е цел која ја споделува и со американскиот претседател Доналд Трамп, и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за постигнување примирје.

„Сега е на претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на коалицијата на подготвени, започната во Париз во март, за да го постигнеме овој прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, изјави Макрон.

Зеленски се сретна и со Трамп и британскиот премиер Кир Стармер, кои беа во Рим на погребот на папата Франциско. Од Елисејската палата соопштија дека состаноците поминале позитивно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни