Макрон со директно барање до Трамп: Укинете ги санкциите против Бретон!

Францускиот претседател испратил писмо со барање за укинување на санкции против двајца француски државјани

Францускиот претседател Емануел Макрон му упатил писмо на американскиот претседател Доналд Трамп со барање да ги укине санкциите воведени против поранешниот европски комесар Тиери Бретон и францускиот судија на Меѓународниот кривичен суд, Никола Гију, пренесува „Ла Трибин Диманш“.

Според весникот, Макрон во писмото побарал од американската администрација да ги преиспита одлуките и да ги укине санкциите, кои ги оценил како неправедно воведени.

„Ве молам да ги преиспитате одлуките на вашата администрација и да ги укинете санкциите неправедно воведени против Никола Гију и Тиери Бретон“, се наведува во писмото во кое увид имал францускиот неделник.

Макрон посочил дека санкциите против Бретон ја поткопуваат европската регулаторна автономија и дека се засноваат на, како што навел, погрешна анализа. Бретон, кој беше европски комесар за внатрешен пазар од 2019 до 2024 година, беше еден од креаторите на Европската директива за дигитални услуги (DSA), која воведува обврски за дигиталните платформи. Според американската страна, одредени регулативи се сметаат за ограничување на слободата на изразување.

Во писмото, Макрон исто така навел дека санкциите против судијата Никола Гију го поткопуваат принципот на независност на судството и мандатот на Меѓународниот кривичен суд.

Санкциите против Гију биле воведени откако МКС издал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот министер за одбрана.

Покрај Бретон и Гију, санкционирани се и претставници на невладини организации од Велика Британија и Германија кои се занимаваат со борба против дезинформации и говор на омраза на интернет.

Засега нема официјална реакција од Белата куќа во однос на барањето на Макрон, а не е познато дали американската администрација ќе ги преиспита санкциите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни