Макрон со Данска: Гренланд не е на продажба

Макрон нагласи дека Франција го дели ставот дека е потребно да се зајакне безбедноста и одбраната на Арктикот, регион кој добива сè поголемо геополитичко значење поради климатските промени и глобалните соперништва

Францускиот претседател Емануел Макрон од Париз изјави дека Гренланд не е на продажба и дека само неговите жители имаат право да одлучуваат за својата иднина, испраќајќи јасна политичка порака во време на зголемени геополитички тензии околу Арктикот.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Париз одржа средба со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, а во таа прилика зборуваше на гренландски јазик.

Зборувајќи на гренландски, Макрон нагласи дека само овој арктички остров има право да одлучува за својата судбина.

„Гренланд не е на продажба, ниту може да се земе. Гренландците ќе одлучат за својата иднина“, рече Макрон.

Во продолжение на своето обраќање, францускиот претседател зборуваше и на дански јазик, нагласувајќи ја својата силна политичка поддршка за Копенхаген.

„Франција ќе продолжи да биде обединета со Кралството Данска“, рече тој.

Гренландскиот лидер Јенс-Фредерик Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен беа во Париз за да разговараат со Макрон за зајакнување на меѓународната поддршка поради претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази интерес за преземање на овој стратешки важен арктички остров, кој со векови е дел од данската територија.

Макрон нагласи дека Франција го дели ставот дека е потребно да се зајакне безбедноста и одбраната на Арктикот, регион кој добива сè поголемо геополитичко значење поради климатските промени и глобалните соперништва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни