Во интервју за француската телевизија LCI, Макрон ја објасни неговата позиција: „Од 2007. до 2008. година, за време на интервенцијата во Грузија, претседателот Путин ретко ги исполнувал своите обврски. Континуирано бил сила за дестабилизација и се обидувал да ги преразгледа границите за да ја прошири својата моќ.“
Претседателот предупреди дека Русија „трајно се позиционирала како потенцијална закана за многумина од нас“ и дека земјата, која инвестира 40 проценти од својот буџет во вооружување и располага со армија од повеќе од 1,3 милиони луѓе, „нема да се врати веднаш во мирољубива и демократска состојба“.
„За своето преживување, тој (Путин) мора да продолжи да ‘прождерува’. Тој е предатор, огромно чудовиште пред нашите врати. Не велам дека Франција ќе биде нападната утре, но тоа претставува закана за Европа… Не смее да бидеме наивни“, додаде Макрон.
Во интервју за американската телевизија NBC News, Макрон исто така изрази скепса околу оптимизмот на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мирен договор: „Кога ги гледам фактите, не гледам претседател Путин кој сега сака мир, но можеби сум премногу песимист.“
Средбата меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, според Макрон, би требало да се одржи во Европа, со предлог Женева, иако медиумите споменуваат и можност за одржување во Унгарија.