Макрон повика на создавање мисија на ОН во Газа за стабилизирање на енклавата и прекин на конфликтот

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на воспоставување мисија на ОН во Појасот Газа за стабилизирање на ситуацијата и прекин на конфликтот таму, објави ДПА.

„Ова е единствениот веродостоен излез од сегашната ситуација, која е неприфатлива за семејствата на заложниците и за народот на Газа“, рече Макрон во соопштение објавено од Елисејската палата.

„Не“ за израелската воена операција, „Да“ за меѓународна коалиција под покровителство на ОН за борба против тероризмот, стабилизирање на Газа и поддршка на населението“, додаде францускиот лидер.

Макрон прецизираше дека мисијата ќе помогне во разоружувањето и демилитаризацијата на палестинската група Хамас.

Според него, Советот за безбедност на ОН, чиј постојан член е Франција, треба да работи на воспоставување таква мисија.

Макрон остро го критикуваше планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за проширување на војната во Газа, нарекувајќи ја „катастрофа“ со „невидена сериозност“.

„Војната мора да заврши сега со траен прекин на огнот“, рече францускиот претседател, кој ги засили критиките кон Израел поради неговите постапки во Газа во последните месеци.

Макрон веќе вети дека ќе ја признае државата Палестина – одлука што беше остро критикувана од владата на Нетанјаху, потсетува ДПА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни