„Делумната суспензија на американските царини на 90 дена испраќа одредена порака и остава отворена врата за преговори. Но, тоа е само привремено олеснување,“ напиша Макрон на платформата X.
Тој предупреди дека царините од 25% на челик, алуминиум и автомобили, како и 10% на останатите производи, сè уште се на сила – што за Европската унија значи товар од 52 милијарди евра.
„Овие 90 дена се всушност 90 дена неизвесност за сите наши компании, на обете страни од Атлантикот и пошироко,“ додаде Макрон.
Тој повтори дека Франција и Европската Унија ќе настапат единствено во претстојните преговори, со цел постигнување договор и укинување на американските царини.