Макрон наговести дека Селин Дион ќе настапи на отворањето на Олимписките игри

 Францускиот претседател Емануел Макрон наговести дека пејачката Селин Дион ќе се појави на отворањето на Олимписките игри во Париз утре.

Канаѓанката, која е една од нјапознатите пејачки од француското говорно подрачје, боледува од ретка автоимуна болест и со години нема јавни настапи.

Макрон рече дека би било сјајне вест доколку Селин Дион настапи на церемонијата на реката Сена во срцето на француската престолнина, бидејќи таа е голем уметник.

Медиумите веќе објавија дека 56-годишната пејачка веќе е сместена во олимпискиот град.

„Наводно веќе стигнала во Париз“ интригантно рече Макрон, неизнесувајќи повеќе детали.

Селин Дион во декември 2022 година објави дека ѝ е дијагностициран  синдромот на вкочанета личност. Во неодамнешно ТВ интервју, таа сподели дека нејзината болест може да ѝ предизвика грчеви на мускулите било каде во телото, поради што на моменти не може да ги движи рацете или нозете, поради што има проблеми да се движи и пее.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни