Францускиот претседател Емануел Макрон наговести дека пејачката Селин Дион ќе се појави на отворањето на Олимписките игри во Париз утре.
Канаѓанката, која е една од нјапознатите пејачки од француското говорно подрачје, боледува од ретка автоимуна болест и со години нема јавни настапи.
Макрон рече дека би било сјајне вест доколку Селин Дион настапи на церемонијата на реката Сена во срцето на француската престолнина, бидејќи таа е голем уметник.
Медиумите веќе објавија дека 56-годишната пејачка веќе е сместена во олимпискиот град.
„Наводно веќе стигнала во Париз“ интригантно рече Макрон, неизнесувајќи повеќе детали.
Селин Дион во декември 2022 година објави дека ѝ е дијагностициран синдромот на вкочанета личност. Во неодамнешно ТВ интервју, таа сподели дека нејзината болест може да ѝ предизвика грчеви на мускулите било каде во телото, поради што на моменти не може да ги движи рацете или нозете, поради што има проблеми да се движи и пее.
Извор: Н1