Макрон ќе назначи нов премиер во рок од 48 часа за да ја спречи политичката криза

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе именува нов премиер во следните 48 часа, откако досегашниот премиер Себастиен Лекорњу поднесе оставка по само еден ден на функцијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе назначи нов премиер во следните 48 часа, откако го разгледа извештајот од консултациите што ги водеше досегашниот шеф на владата Себастиен Лекорњу со различни политички субјекти. Според соопштението од кабинетот на Макрон, претседателот ги земал предвид заклучоците на Лекорњу, кој посочил дека мнозинството пратеници се против распуштање на Националното собрание, дека постои основа за политичка стабилност и дека е можно усвојување на буџетот до 31 декември.

Лекорњу, кој е веќе петти премиер на Франција во последните две години, поднесе оставка во понеделникот – само неколку часа откако ја објави новата влада, што ја направи оваа администрација најкраткотрајна во поновата француска историја. Но, на барање на претседателот, тој продолжи со разговори со политичките лидери од левиот и десниот центар, во обид да ја ублажи политичката криза и да се избегнат предвремени парламентарни избори.

Лекорњу изјави за телевизијата France 2 дека му рекол на претседателот оти верува дека ситуацијата овозможува именување нов премиер во рок од 48 часа. Именувањето на нов премиер се гледа како последна шанса за стабилизација на владината структура и зачувување на парламентарното мнозинство, во време кога Франција се соочува со политички тензии и неизвесност во пресрет на буџетските одлуки за крајот на годината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни