Во интервју за американската телевизија CBS, Макрон потенцирал дека пуштањето на овие лица на слобода е „јасен услов пред да ја отвориме амбасадата“. Овој чекор следи непосредно пред Франција да го официјализира признавањето на независноста на Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што е најавено за денес.
Нејзината одлука се приклучува на веќе објавеното признавање на Палестина од Велика Британија, Канада и Австралија, со што бројот на земји што ја поддржуваат независноста на палестинската држава се искачи на 150.
Извор: N1info.rs