Макрон: Франција ќе изгради нов нуклеарен носач на авиони

Претседателот Емануел Макрон најави дека Франција започнува изградба на нов нуклеарен носач на авиони, кој ќе ја замени Шарл де Гол и ќе овозможи до 40 летала и автономија без ограничување на опсегот на море

Франција ќе изгради нов носач на авиони за да ги зајакне своите капацитети како поморска сила, изјави денес претседателот Емануел Макрон, обраќајќи се на француските војници во воената база во Абу Даби.

„Одлуката за започнување на овој обемен програм беше донесена оваа недела“, рече Макрон, пренесува Ројтерс.

Новиот носач на авиони ќе биде на нуклеарен погон и ќе го замени досегашниот носач „Шарл де Гол“, претходно најавија властите во Париз, пренесува „Арми рекогнишн“.

Програмата под назив PA-NG (Porte-Avions de Nouvelle Génération) предвидува носач на авиони со околу 78.000 тони депласман, должина од околу 310 метри и можност за достигнување брзина до 27 јазли благодарение на два нуклеарни реактори K22.

Новата пловна единица ќе биде на нуклеарен погон, што ќе ѝ овозможи неограничен дострел без дополнување гориво и значајна автономија на море.

Бродот ќе има електромагнетни катапулти за лансирање авиони и ќе поддржува до 40 летала, вклучувајќи повеќенаменски борбени авиони, хеликоптери и беспилотни летала.

Работите веќе започнаа со поставување на првите челични елементи за нуклеарните одељоци, а се очекува изградбата да започне околу 2031–2032 година, со планирано вклучување во составот на воената морнарица околу 2038 година.

Овој носач на авиони ќе биде најголемиот воен брод некогаш изграден во Европа и клучно средство за зачувување на глобалното воено влијание на Франција и нејзината стратешка автономија, наведува порталот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни