„Ние сме пронаоѓачи на електро музиката. Имаме тој French touch“, изјави Макрон во неодамнешно интервју, алудирајќи на уникатниот стил и влијание што француската електронска сцена го има на глобално ниво.
Француската електронска музика, со икони како Daft Punk, Laurent Garnier и Jean-Michel Jarre, веќе со децении има огромен придонес во развојот на жанрот, а овој потег би значел официјално признавање на нејзината културна вредност.
Макрон во интервјуто истакна дека Франција треба да ја слави и заштити својата музичка иновација, особено во време кога жанрот продолжува да инспирира уметници ширум светот.