Макален иконата на филмовите „Икс-мен“ и „Господар на прстените“, со децении е еден од најистакнатите геј актери.
Тој јавно излезе во 1988 година на 48-годишна возраст за време на радио интервју за Би-Би-Си. Тој сега ги повикува познатите личности да не го чуваат во тајност својот сексуален идентитет.
„Никогаш не сум сретнал некој да излезе и да се покае за тоа“, рече Меккелен.
„Жал ми е за секоја славна личност која се чувствува како да не може да излезе. Да се биде ‘во плакарот’ е глупаво – нема потреба за тоа. Не ги слушајте вашите советници, слушајте го своето срце. Слушајте ги вашите геј пријатели кои знаат подобро. Излезете. Излезете на сонце”, рекол актерот.
Ијан Макелен истакна дека никогаш немало отворено геј добитник на Оскар за најдобар актер, ниту пак постоел отворено геј премиер на Велика Британија или фудбалер од Премиер лигата.
„Во женскиот спорт тоа не е проблем“, рече тој.