Тимот имаше можност да забележи јато од 16 белоглави мршојадци, што беше радосен показател за зголемување на нивната популација. Труењето на животни е една од најголемите закани за мршојадците, а вложените напори заедно со локалното население и институциите придонесуваат за сузбивање на оваа опасна практика. Последните години нема пријавено масовни труења, а мониторингот покажува раст на бројот на овие загрозени птици.