Пописот на штрковите, кој беше спроведен во рамките на 8-от Европски цензус, бележи значителен успех. За само 10 години, бројот на млади штркчиња во земјата се зголемил двојно, што е директен показател за растечката свесност на граѓаните за важноста на заштитата на природата и биодиверзитетот. Во 2024 година беа евидентирани 1765 гнезда, а бројот на изведени штркчиња достигна 3,934.
„Ми претставува огромна чест и задоволство што нашата иницијатива за пребројување на штрковите ја доби оваа награда. Благодарност до ТРН за промоцијата на природата и заштитата на животната средина во општеството. Ова покажува дека Македонија прави значаен напредок во свесноста за важноста на биодиверзитетот,“ изјави претставник од Македонското еколошко друштво.
Се очекува оваа награда да ја поттикне понатамошната заштита на птиците и природата во Македонија, и да инспирира нови генерации да ја ценат и чуваат нашата природна богатство.