Македонското еколошко друштво ја доби наградата „ЗЕЛЕН ТРН“ за пребројување на штрковите

На крајот на 2024 година, ТРН ги награди најзначајните иницијативи кои прават позитивни промени во нашето општество. Македонското еколошко друштво (МЕД) беше меѓу добитниците на престижното признание „Зелен трн“ за најдобра иницијатива во категоријата за заштита на животната средина, за својата кампања за пребројување на штрковите во Македонија.

Пописот на штрковите, кој беше спроведен во рамките на 8-от Европски цензус, бележи значителен успех. За само 10 години, бројот на млади штркчиња во земјата се зголемил двојно, што е директен показател за растечката свесност на граѓаните за важноста на заштитата на природата и биодиверзитетот. Во 2024 година беа евидентирани 1765 гнезда, а бројот на изведени штркчиња достигна 3,934.

„Ми претставува огромна чест и задоволство што нашата иницијатива за пребројување на штрковите ја доби оваа награда. Благодарност до ТРН за промоцијата на природата и заштитата на животната средина во општеството. Ова покажува дека Македонија прави значаен напредок во свесноста за важноста на биодиверзитетот,“ изјави претставник од Македонското еколошко друштво.

Се очекува оваа награда да ја поттикне понатамошната заштита на птиците и природата во Македонија, и да инспирира нови генерации да ја ценат и чуваат нашата природна богатство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни