Mакедонско – албанската претстава „Заминувања“ во Центарот за култура во Куманово

Новата театарска претстава „Заминување“ или „Largime“ на албански јазик вечерва ќе игра на малата сцена во Центарот за култура на Куманово – Трајко Прокопиев.
Оваа претстава премиерно беше изведена на 29.12.2022 во Албански театар пред македонската и албанската публика, бидејќи претставата е двојазична и во неа играат четири актерки: Емилија Мицевска, Мелика Кастрати, Симона Димковска и Афродита Џафери.

„Во описот на претставата стои дека е колективна драматургија што значи дека сите сме учеснички во создавањето на текстот, јас и актерките, плус имаме надворешна соработничка Ева Камчевска која што е драматург и сите заедно со сведоштва од книгите на мировна акција 2001, меѓутоа само женските приказни, женските искуства, ја напишавме Заминувања“, изјави Драгана Гунин која што е режисер на претставата.

Сведоштвата се однесуваат на тоа како биле афектирани и македонските и албанските семејства за време на воениот конфликт 2001 година, меѓутоа гледано само од женската страна.

„Имаме текстови прилагодени за на сцена, скратени делови со заштитени имиња затоа што не сакавме да изложиме никој на непријатности“, вели Гунин.

Претставата е финансирана од Мировна акција, организација која се бави со решавање на воени конфликти, посебно фокусирани на војната од 2001 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни