Македонските земјоделци со огромна заинтересираност за ИПАРД програмата, во наредни пет години на располагање 250 милиони евра преку проектот!

Дури 250 милиони евра ќе бидат ставени на располагање преку ИПАРД 3 програмата во наредните пет години, бидејќи земјата забележа огромна искористеност на ИПАРД 2, а сега, по објавата на првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата, исто така има огромен интерес- за ,,Фокус” вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој посочува дека процедурите за апликантите кои сакаат да користат поддршка од ИПАРД се значително олеснети, скратени се процедурите и имало низа на новитети и олеснувања.

Во изминатите пет години биле склучени договори со 2.369 земјоделци, со што Македонија имала највисоко ниво на искористеност, односно повеќе и од Србија, Турција, Албанија и Црна Гора.

Инаку, ИПАРД е фонд на ЕУ за поддршка и развој на земјоделството. Програмата е за поддршка на агросекторот и руралниот развој, со финансиска поддршка од европски фонд и средства од државниот буџет.
Средствата кои се доделуваат преку оваа програма најчесто се користат за системи за наводнување, изградба на фарми, оранжерии, набавка на специјализирани транспортни возила, набавка на опрема, подигнување на лозови и други насади.

Земјоделци кои во изминатиот период искористиле средства од ИПАРД, со цел да го модернизираат производството, да ги зголемат приносите и квалитетот, се задоволни од програмата.

Има низа на позитивни примери и преку рурален туризам, односно услуги на руралното население, помеѓу кои и изградба и реконструкција на ресторани, хотели и друго.

Повеќето од апликантите за „Фокус” откриваат дека апликациите за ИПАРД содржат строги критериуми кои треба да се исполнуваат, но биле поттикнати да аплицираат поради големите поволности и неповратната финансиска поддршка.

Извор: fokus.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни