Македонските уметници Митоска и Невчева на Меѓународен фестивал на камерна музика во Драч

Македонскиот културно – информативен центар во Тирана воспостави значајна соработка со престижниот Меѓународен фестивал за камерна музика во Драч, кој годинава ќе се одржи по 20-ти пат.

Како резултат на тоа во рамки на фестивалската програма, ќе настапат истакнатите македонски уметници Ана Митоска – сопран и Јанинка Невчева – пијано. 

-Нивниот концерт е дел од заложбите за продлабочување на културната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, преку промоција на високи уметнички достигнувања и размена на музички вредности, објави КИЦ.

Оценува дека овој настап претставува уште една потврда за важната улога на македонските музичари на регионалната културна сцена, како и за посветеноста на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана во афирмирањето на македонската уметност во Албанија.

Оваа значајна културна манифестација ќе се одржи од 27 јуни до 21 јули. Настапот на македонските уметници ќе биде на 11 јули

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни