Двата национални тима: WildCard тимот The Off-Grid Warriors (Ана & Мане – adventure.mk) и победничкиот тим SOVO Impex (Софија & Војдан), се подготвени да влезат во акција и да се соочат со фитнес предизвикот во срцето на Ибица.
Во конкуренција со 200 мешани двојки од 50 земји ширум светот, нашите тимови ќе имаат можност да трчаат низ легендарните предели на Ибица и да се докажат во уникатен тридневен предизвик. Сега, кога тимовите се подготвени, пред нив стои спектакуларна 1.4-километарска патека со 90 метри искачување низ тврдината на Ибица. Но, само најбрзите 20 тимови ќе обезбедат место во Големото финале на 9 април, каде повторно ќе се соочат со 9 луди, креативни и забавни препреки низ тврдината на Ибица, ‘трчајќи’ кон титулата: Red Bull Ibiza Royale шампиони.

Стазата и препреките се сè, само не обични – тие претставуваат тест за брзина, сила, рамнотежа и рефлекси, каде секоја препрека е посебно дизајнирана од Red Bull спортист или креатор за оваа најлуда трка.
Сега за првпат, целата мапа на патеката е достапна на www.redbullibizaroyale.com.
За Red Bull Ibiza Royale
Во оваа авантуристичка трка со препреки на Ибица, мешани тимови од двајца од целиот свет, се соочуваат со забавни и креативни препреки додека трчаат, скокаат и се лизгаат низ најлегендарните предели на овој прекрасен остров. Ова е прва трка со препреки од овој карактер на Ибица, со 9 препреки, креирани од врвни Red Bull спортисти, креатори и гејминг професионалци. А, само 200 тима од 50 земји во светот ќе имаат шанса да ја доживеат оваа незаборавна авантура.

Следи ја авантурата на Red Bull Ibiza Royale тимовите и остани во тек со сите новости преку официјалната страна, Instagram профилот на Red Bull Македонија и Instagram профилот на Adventure.mk.