Излегоа од печат списанијата ,,Стрип КРЕАТОР” бр.37 и 38 и ,,Стрип АЛМАНАХ” бр.8 во издание на Стрип центарот на Македдонија – Велес.
Истите се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

СТРИП КРЕАТОР е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 кадешто доста македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски).
Овде на македонски јазик се објавуваат подобрите странски но и домашни автори од традиционалниот мегународен стрип конкурс .
Во бројот 37 меѓу другите застапени стрип дела на ;Марко Стојановиќ , Марко Николиќ од Србија Никола Видацковиќ -Хрватска , Миодраг Бунијевац-Србија, Ведат Шабанаџовиќ –БИХ , Даниел Даниел –Романија но и македонските автори; Дарко Богданов, Александар Стеванов, Кана Бутеска, Теодора Христова, Војдан Андонов и Александар Бараковски.

Во број 38 се застапени и Милан Јовановиќ, Влада Алексиќ, Дражен Ковачевиќ, Аљоша Томиќ-Србија, Разван Бронеску-Романија , Маја Перак –Хрватска, Димитрис Аврамопулос-Грција …како и Александар Танчовски, Елена Апостоловска, Методија Стојановски и Александар Танчовски од Македонија.
Што се однесува до ревијата „СТРИП АЛМАНАХ’ тоа е издание кадешто се застапени стрипови на македонски автори( и по некој од други земји) под сценарио на Ване Трајков и ги завршуваат за време на мегународната стрип колонија во Велес.Во број 8 се објавени дела нацртани од : Илко Стојановски, повторно Методија Стојановски, Славица Купенкова, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Дарко Бојовски , Мартина Величковска како и гостинот Ивица Сретеновиќ од Србија.
Овие изданија на Македонскиот стрип центар ,како и сите претходни, во добар дел се делат на разни институции, фестивали и стрип и настани во нашата и други земји , но можат и да се набават преку следниот е маил: vanecomic@yahoo.com