Македонските писатели за битолчани во Порта џез

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вчера вечер организираше свечена вечера во чест на учесниците на БИТФЕСТ 2024. На оваа значајна манифестација, која се одржува во срцето на Битола, гостите допатуваа за да водат дводневна бесплатна работилница за креативно пишување под наслов „МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ЗА БИТОЛЧАНИ“.

Работилницата се одржува и денес во пријатниот амбиент на ПОРТА ЏЕЗ, каде битолчани ќе имаат уникатна можност да се сретнат со некои од најистакнатите македонски писатели. Овие автори ќе споделат свои искуства и техники за креативно пишување, нудејќи им на учесниците ретка прилика да се инспирираат од нивната мудрост.

Проектот е инициран од страна на битолската писателка Јасмина Атанасова и ќе ги вклучи следните значајни писатели:

  • Ана Јовковска
  • Дарко Лешоски
  • Фросина Пармаковска
  • Петар Андоновски

Оваа иницијатива претставува уникатна шанса за битолчани да ги учат тајните на креативното пишување од титани на новото писателско време. Овој проект се реализираше во рамки на БИТФЕСТ и во соработка со Општина Битола за нивната поддршка во реализацијата на овој проект.

Фотографија: Ивона Кочов

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни